За нас
креираме уметностНашата приказна
Рачни изработки X Store е занаетчиски дуќан во Скопје, Македонија, кое е основано од едно лице Бошкова Катерина.
Главна цел е зачувување на Македонската традиција за изработка на накит и предмети од сребрена жица, како и продолжување на истата, поттикнување кај младите за значењето на рачните изработики, како и мотив самите да изработат свој производ.
Особено значење има заштитата на животната средина преку реупотребата на отпадните материјали, во употребливо парче накит и слично.
Катерина Николче Бошкова
Основач и креатор
Почетоци
Со почетокот на 2017 година, одлучив дека повеќе не треба да работам во компанијата во која работев последните 11 год. Во секторот на економијата бев уште од далечната 1996 година на своја 18 годишна возраст. Бидејќи во новата година треба да се влезе со нови почетоци, јас се заинтересирав и се запишав во Комората на град Скопје, за изучување на еден од старите занаети – Филигран. Мојата група се состоеше од 3 члена, а наставата започна на 06.04.2017 год, истата траеше до 06.11.2017 година, кога и го имавме нашиот завршен испит пред трочлена комисија. На почетокот не бев сосема сигурна дека ќе успеам да научам нешто, но со многу труд и внимание на крајот и јас знаев да изработам готов производ во техниката Филигран. Па така решив дека она што јас го научив, треба да им го пренесам и на моите деца. За традицијата да не престане, во време на пандемија го направив и главниот чекор кон остварување на моите цели и идеи, па така во јули 2020 година, го отворив мојот дуќан за рачни изработки X Store, во ТЦ Автокоманда, Скопје.


Мисија
Мисијата на занаетчијата Рачни изработки X Store Катерина Николче Бошкова е ширење на идејата за масовна употреба на рачните изработки, а помала употреба на сериското производство. Секој рачно изработен производ, во себе содржи душа, убава мисла и позитивна енергија на занаетчијата. Рачно изработените производи не можат да се повторат, со тоа секој производ е уникатен.

како до накит
Како функционира
Остварете контакт со дизајнерот
Кажете ни ја вашата желба
Погледнете го накитот на веб страната
создаваме
X Store на дело


