Полудраги камења
дознајте повеќеСкапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми.
Правилно избраните благородни каменчиња можат да донесат среќа и да заштитат од негативните влијанија. Верувањето во дејството на скапоцените и полускапоцените каменчиња и благородните метали врз судбината на човекот е многу старо. Човекот отсекогаш изработувал амајлии за среќа, за љубов, за мир, за заштита…
Во астрологијата, за секоја планета и ѕвезда се врзува одреден скапоцен камен или благороден метал кој е во склад со некој хороскопски знак. Правилно избраниот скапоцен камен може, не само да ти донесе среќа ако го носиш, туку и да те заштити од негативните влијанија.

Полудраги камења според месецот или хороскопскиот знак
Јануари: гранит и розов кварц;
Февруари: аметист, оникс;
Март: аквамарин, црвен јаспис;
Април: дијамант, горски кристал, кварц;
Мај: смарагд, кризопарс;
Јуни: бисер, месечев камен (селенит);
Јули: рубин, карнелиан, жад;
Август: перидот, авентурин, сардоникс, сафир;
Септември: сафир, ахат, лапис лазули;
Октомври: опал, розов турмалин;
Ноември: жолт топаз, цитрин, тиркиз;
Декември: тиркиз, лапис лазули
Овен: дијамант, јаспис;
Бик: тиркиз, сафир, аквамарин, дијамант, хематит;
Близнаци: ахат, бисери, тигрово око, топаз;
Рак: смарагд, месечев камен, бисери;
Лав: турмалин, сардоникс, оникс, килибар;
Девица: јаспис, гранит, карнелиан, жад, цитрин;
Вага: опал, лапис лазули;
Скорпија: аквамарин, гранат, рубин, дијамант;
Стрелец: сафир, аметист, тиркиз, топаз;
Јарец: рубин, ахат, гранит, лапис лазули;
Водолија: гранит, опал, аметист, тиркиз;
Риби: горски кристал, сафир, аметист, аквамарин
Видови на полудраги камења
АХАТ
Посебен вид на кварц прошарен со калцедоном, опал, аметист, хематит… Дава храброст, енергија, сила, го брка стравот и ја зголемува самодовербата. Освен тоа, штити од штетни зрачења, од бура, громови, главоболка и треска. Спречува иритирање на кожата, лекува од треска и очни инфекции, го подобрува видот и циркулацијата. Ахатот ќе те направи поречита, а ја зголемува атлетската сила и храброста.
ТОПАЗ
Поттикнува среќата и љубовта. Кога овој проѕирно-жолт камен е обложен со злато, е одлична амајлија против „уроци„. Му се препишуваат многу лековити својства: против астма, несоница и душевни болести.
АКВАМАРИН
Скапоцен камен за родените во знакот на Скорпија, а може да го носат и родените во знакот на Бик. Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Освен тоа поттикнува брза интелектуална реакција. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.
АМЕТИСТ
Познат како „доброчинител„, посебно ако си роден/а во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако се носи како амајлија заштитува од сите видови зависност. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Го поттикнува мирниот сон и медитацијата.
АВЕНТУРИН
Развива креативноста и менталната чистота. Ја зголемува благосостојбата и носи успех во учењето и кариерата, помага да ги се воочат алтернативните решенија во секоја ситуација. Дава мир, рамнотежа, внатрешна сила и ја зголемува радоста. Носи среќа, посебно во игрите на среќа. Позитивно влијае на крвта, циркулацијата, главоболката и нарушениот сон. Ја штити чакрата на срцето.
БИСЕР
Во Кина се смета за симбол на богатство, мудрост и чесност; во Јапонија значи среќа, а во Индија е знак на плодност. Во арапските култури, жените или одредени делови на телото, како забите, се споредуваат со бисери. На бисерите им се припишуваат афродизијачки својства, но се сметале и како лек против меланхолија и нервоза. Бисерите се симбол за солзи. Отсекогаш се сметаат за симбол на убавина, љубов, среќа и богатство.
ЦИТРИН
Редок камен кој ја уништува негативната енергија и не е потребно чистење и миење. Топлата енергија го поттикнува оптимизмот, го привлекува богатството и помага да го задржиш. Добро е за ментално фокусирање, издржливост и самопочитување. Цитринот е познат како камен на успехот. Поврзан е со менталната бистрина, довербата, среќата, веселбата, и чувството на моќ. Воопштено се смета за заштитен камен. Го помага празнењето на цревата и ги елиминира кошмарите.
ЛАПИС ЛАЗУЛИ
Камен посветен на родените во знакот на Вага. Го нарекуваат „камен на радоста„. Ја продлабочува љубовта и пријателството. Лапис лазулитот носи искреност, отвореност, внатрешна моќ, интуиција, креативност, мажевност. Го засилува умот, телото и ја зголемува свесноста и духовната врска. Помага при организирањето на секојдневието и го смирува и ангажираниот немирниот ум. Лаписот помага да се изгради самодовербата и традиционално е кралски камен. Ако се носи ја привлекува и засилува љубовта и верноста на момчето. Лаписот е добар заштитник од физички и психички повреди. Корисен е за синуси, главоболка, нерви, говорни маани, хипофизата, ги олеснува сите болки.
ОПАЛ
Скапоцен камен кој со својот прекрасен шарен изглед им дава надеж и спокојство на родените во знакот на Вага и Бик. Опалот ја поттикнува фантазијата и креативноста. Помага за ослободување од стегите и ја зголемува меморијата. Влијае на духовноста, носи убави и среќни сништа. Го олеснува процесот на промени. Добар е за видот.
КИЛИБАР
Корисен за родените во знакот на Лав, а неповолно влијае на Биковите. Со векови се верувало дека килибарот во себе носи мистична енергија и лековити својства, поради неговото својство да го привлекува и собира електрицитетот околку себе. Ако се носи синџирче од зрна килибар ќе те заштитува од болест.
ТИРКИЗ
Прекрасен азурен камен за родените во знакот на Бик, Стрелец и Водолија. Ја симболизира љубовта и богатството. Ако се носи тој смирува во напнати ситуации, расправии и ги зацврстува пријателствата. Индијанците го сметаат за свет камен поврзан со времето. Ја поттикнува искреноста и комуникацијата на срцето. Штити од загаденоста на околината и носи исполнување и благосостојба. Познат е како главен исцелителски камен зашто го забрзува оздравувањето. Моќен е за вземјување и воопшто за заштита. Корисен е за мускулите, регенерација, стрес и главоболка.
ГОРСКИ КРИСТАЛ
Римјаните верувале дека содржи енергија на боговите која дава сила, храброст и мудрост. Горскиот кристал е универзален камен, секој би требало да има барем еден. Тој е чист и силен енергетски извор, го зајакнува енергетското поле, ја стимулира мозочната функција, го зајакнува имунитетот и го доведува телото во рамнотежа, ги активира сите нивоа на свесност, ја доведува душата во склад. Овој кристал ги стимулира сите чакри, корисен е за заштита од енергетски влијанија од другите луѓе, заштитува од зрачењето до компјутерите како и од подземни зрачења.
ГРАНИТ
Прекрасен камен со црвена или розова боја и одговара на родените во знакот на Девица, а не се препорачува за Биковите. Тоа е каменот на романтичната љубов и страста. Ја зголемува нежноста, сензуалноста и блискоста. Поттикнува позитивни мисли и ја зголемува енергијата. Ја зголемува самодовербата и успехот во кариерата. Заштитува од зло и исцелителски делува на срцето, крвта, циркулацијата и белите дробови. Ги засилува коските и кожата.
ХЕМАТИТ
(крвав камен / исусова крв) е познат како „камен на умот„. Има зеленкаста боја прошарана со виолетова боја. Им носи среќа на родените во знакот на Скорпија и Бик, а не се препорачува на Раковите. Ја поттикнува храброста, штити од опасности, посебно за време на војна. Внесува организираност на ментално ниво, приземен е и смирува. Го подобрува помнењето, поттикнува оригинално размислување. Ги врамнотежува телото, умот и духот. Ја намалува телесната температура, крвните пореметувања, анемијата, нервозата, несоницата, помага при зараснување на раните и скршеници на коските.
ЈАСПИС
Камен на нежноста и опуштањето. Носи тишина, утеха, целост, излекување, добри завршетоци. Го нарекуваат „голем негувател„ поради неговата заштитничка енергија. Египтјаните црвениот јаспис го сметале за крвта на Изид, па затоа го користеле за запирање на крварења од носот, како и за заздравување на рани. Штити од црна магија, ги ублажува болките, посебно во дигестивниот тракт, лекува епилепсија, а се користи и за ритуали за дожд.
ЖАД
Камен си силна зелена боја кој влијае на родените во знакот на Девица, а неповолно на родените во знакот на Близнаци и Стрелец. Ја разгорува борбеноста и натпреварувачкиот дух, решителноста и желбата за афирмација. Ја привлекува љубовта, верноста и великодушноста. Носи емоционална рамнотежа и стабилност.
МАЛАХИТ
Камен со силна зелена боја кој влева надеж и спокојство за родените во знакот на Јарец. Се смета за камен на преобразбата, ги помага промените и духовната еволуција. Ако се носи помага за врамнотежување на љубовта, романтиката и сопствената корист. Малахитот е камен на среќата и благосостојбата. Моќен заштитник, служи како општа заштита од зло. Се носи како заштитен камен кога се патува со авион, но и при секое патување. Ја зголемува емоционалната стабилност и рамнотежа. Позитивно делува при астма, артритис, воспаление на мускулите и болести предизвикани од радијација.
ПЕРИДО
Камен кој ја врамнотежува и стимулира чакрата на срцето. Ова е камен на сочувствувањето. Поседува пријателска енергија и го помага лекувањето. Носи благосостојба, складни односи во врската. Го намалува стресот, лутината, љубомората, лекува рани и проблеми со цревата. Создава заштитен штит околу телото на кое се носи.
КАРНЕЛИАН
Камен на креативноста, индивидуалноста и храброста. Го нарекуваат уште и „камен на актерите„ и е голем заштитник. Ја засилува меморијата и помага во изнаоѓање на вистински пријатели. Штити од љубомора, лутина и страв. Помага при исполнување на желбите и носи среќа, ја олеснува и отстранува тагата. Ја стабилизира енергијата во домот. Корисен е за лекување на рани, ги регенерира ткивата и клетките, лекува ревматизам, камен во бубрегот и други бубрежни проблеми.
ТУРМАЛИН КВАРЦ
Одличен заштитник. Внесува рамнотежа и внатрешна сила. Ефикасно ги решава проблемите. Ја зголемува концентрацијата и меморијата. Го јакне имунитетот, помага при дислексија, артритис, болки во ‘рбетот. Ја зголемува самодовербата и го намалува стравот. Го отстранува чувството на жртва, а ја привлекува инспирацијата, сочувствувањето и толеранцијата. Создава рамнотежа помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот, негативните мисли ги претвора во позитивни. Делотворен е за заземјување. Ја засилува енергијата на телото против надворешните неповолни влијанија и формира заштитен штит околу телото.
КОРАЛ
Делува на родените во знакот на Бик и Скорпија, но универзално се користи како заштита од уроци и останати негативни влијанија. Синџирче од корали најдобро штити од лоши духови. Одлично делува како амајлија за тинејџери. Во минатото, со коралите кои ги мелеле во прав и ги мешале со вода, се лекувале болести на внатрешните органи.
КРИЗОБЕРИЛ
Скапоцен камен наменет за родените во знакот на Рак. Тоа е прекрасен камен со млечно-бела боја, а може да биде и жолтеникав, розов, па и кафен. Се смета за силна одбрана од болести на белиот дроб, има смирувачко дејство и затоа се користи за лекување на психички заболувања.
КРИЗОПРАС
Носи среќа, благосостојба и деловен успех. Помага за полесно изразување и мудро користење на моќта. Ако се носи како накит носи радост и помага за ослободување од негативните мисли и раздразливост. Ги зголемува и засилува пријателствата. Кризопрастот е камен на рамнотежата и балансот на јин и јанг и овозможува длабока медитација. Помага при проблеми со видот и очите, имунитетот, артритис, душевна болест… ја олеснува треската и зголемената телесна температура, помага кај половопреносливи болести. Кризопрастот е најмногу поврзан со срцевата чакра.
ОНИКС
Камен со црна или тамно кафена боја, со бели жилички. Тој е под силно влијание на планетата Сатурн, затоа позитивно влијае на родените во знакот на Јарец, но неповолно влијае на знаците под влијание на Венера, Бик и Вага. Помага полесно да се надминат со последиците во животот, посебно со оние кои претставуваат исцрпеност на енергијата. Помага да се контролира вишокот несакана енергија. Ги зголемува издржливоста и ладнокрвноста.
РОЗОВ КВАРЦ
Познат како камен на љубовта, дава нежност, толеранција, простување. Смирува, помага во ослободување од насобранито бес, лутина, љубомора, страв. Ја заменува негативноста со хармонија. Делува на срцето, крвотокот, ја подобрува работата на бубрезите, ја ревитализира кожата. Ако се носи полесно се ослободува од вишокот на килограми. Корисен е против несоница, штити од штетни подземни зрачења, па затоа е корисно да се чува во соба над креветот. Тоа е камче кое мора да се има. Исполну со љубов и среќа, влијае на отстранување на опсесии и психози, ја хармонизира енергијата и ја отстранува аритмијата на срцето.
СЕЛЕНИТ
Амајлија за родените во знакот на Рак. Има сини тонови за кои се смета дека носат среќа, а посебно на заљубените. Месечевиот камен ја зголемува женската енергија, чувствителноста, интуицијата, психичките способности. Штити при патување со брод. Поврзан е со сите видови љубов. Позитивно делува на хипофизата, цревниот систем, дебелината, при задржување на течност во организмот, хормонски пореметувања, менструални проблеми. Камен на чистота, надеж, желба за нов почеток, помага од универзумот да го земш она што ти треба.