Квилинг

дознај повеќе

Повеќе за квилинг

Квилинг е техника на изработка на слики од хартиени ленти или уметност на виткање на хартија во боја која постои веќе стотици години. Во времето на ренесансата монасите и монахињите сакале да ја искористат позлатената хартија која се користела во процесот на обележување. На тој начин создавале украсни предмети со кои ги декорирале верските објекти, како алтернатива за скапото злато за филигран.
Во 18 и 19 век оваа техника станала занимација на жените во Англија кои ги декорирале своите чајници и делови од мебелот, а подоцна се проширило и во остатокот од светот. Правеле накит, ѕидни декорации и 3Д фигури.

само најдоброто

Уметноста на Квилинг

Човек учи, додека е жив! Вака кажале нашите претци, јас потполно се согласувам како со оваа, така и со многу други мудри реченици на овие луѓе. Неодамна на нашите социјални мрежи, сретнав објава за изучување на техника КВИЛИНГ. Што е Квилинг техника?, што сè може да се изработи со оваа техника? Охрабрена од првата реченица јас решив да се пријавам за изучување на оваа техника. Можете да замислите што сè може да се изработи од парче хартија? Верувале или не, со помош на сите нијанси на боите кои ги создала природата, а преточени во харија, може да се изработат најразлични слики, честитки, предмети, па дури и накит. Елементита на оваа техника се исти како и кај филигранот.