Втора шанса

пренамена-повторна употреба

Втора шанса

Како една од загадените држави во регионот па и пошитоко, се наметнува прашањето како би можеле да влијаеме на подобрување на квалитетот на воздухот, почвата и водата за пиење или едноставно кажано на зачувување на животната средина.
Сè почесто сме сведоци на создавање на диви депонии на плодна почва, па така наместо да собираме еколошки произведена храна, мораме да го собереме отпадот кои самите ние сме го создале и со тоа сме направиле загадено и неплодно земјите, сме ја загадиле водата во околината, а со предизвикување на пожар и воздухот, кој го дишиме.
Целта на овој проект е намалување на создадениот оптад преку негово собирање, репарирање и повторна употреба.Проектот Втора шанса, се однесува на реупотребата и пренамената на создадениот отпад како од физички, така и од правни лица. Не секогаш отпадот навистина не е за употреба. Секое парче отпад за некого е корисно парче за употреба, било тоа да е заради економската состоја или едноставно поради добро развиената еколошка свест кај физичките или правни лица во општеството.

стари предмети

Што е пренамена?

Пренамена е процес на промена на првобитната намена на производот или така наречен отпад. Може да се направат мали физички промени на одредениот предмет, заради користење на истиот за друга намена и друга цел. Со овие мали измени предмеот не го менува својот хемиски состав, не трпи големи механички промени, не покажува промена во претходната состојба. Предметот е ист, но разликата е во потребата за која е наменета за производство на пример:
Употреба на стаклените тегли за зимница како свеќници, Употреба на стари весници како украсни решенија, Зачувување на детска облека за помлади браќа и сестри, Кутијата од стариот ТВ апарат да се пренамени во шкаф за чување на обувки и.т.н

Што е реупотреба или повторна употреба?

Реупотребата или повторната употреба е призводот со мали корекции да може да се користи за истата намена за која и е произведена. Како сведоци на брзиот раст на електронската и електрична технологија, како и конфекциската мода, сè почесто сме сведоци на создавање на вишок предмети во нашите домови кои можат безпрекорно да се користат, но со самото намалување на животниот простор во нашите домови, овие предмети и покрај тоа што се исправни и не оштетени ни пречат и истите за нас се некој вид на отпад. Овие производи и тоа како можат да му служат на некое друго семејствтво. Значи реупотребата е употреба на производот за иста цел за што е и произведена.
Со овој проект ќе бидат опфатени сите граѓани на Македонија кои доброволно ќе ни го одстапат својот електричен, електронски, текстилен и габаритен отпад, како и наќит, книги и сè она што за нив претставува отпад (без комунален отпад) како дарители на производи од една страна и ЗГ НАЈДИ НАЧИН од друга страна, како собирачи, репарирачи и пренаменувачи на создадениот отпад со цел создавање на зелен производ и зелена економија.

Целта на проектот е да се прошири веќе разиената свест кај населението за употреба, реупотреба и пренамена на отпадот т.е. за повторна употреба на истиот на регионално ниво. Предвидени се да се формираат 8 регионални центри за повторна употреба на отпадот и тоа Скопски (Гази Баба), Вардарски (Кавадарци), Источен (Македонска Каменица), Југоисточен (Струмица), Пелагониски (Прилеп), Полошки (Гостивар), Североисточен (Крива Паланка) и Југозападен регион (Охрид). Годишно ќе се отвара по еден нов центар за повторна употреба, а првиот ќе биде во Скопскиот регион, како најголем по број на жители и создаден отпад.
Проектот ќе се стави во услови за формирање и функционирање на центрите за повторна употреба, кои пак ќе овозможат вработување на целна група на невработени самохрани родители/старатели на деца со посебни потреби во новосоздадените зелени работни места. Во центрите ќе се спроведуваат најразлични практични и мотивациони работилници за поправка и пренамена на собраниот отпад.

Истражувањето покажува дека, секој поединец создава по најмалку 5 килограми корисен отпад, кој досега завршил на диви депонии и тоа како:

Текстилен отпад

Електричен и електронски отпад

Габаритен отпад

Центрите за повторна употреба имаат се наменети за прибирање, реставрирање (поправка), демонтажа и подготовка на сè уште корисните производи за повтона употреба.
Центрите за повотна употреба ќе имаат отворена врата за сите оние кои сакаат да донесат корисни производи, но и за сите оние кои сакаат да купат преработени производи по симболична цена. Симболичната цена ќе ја именуваме како ЗЕЛЕНА ЦЕНА која пак ќе ги покажува вистинските вредности за зачувување на животната средина, и зголемување на свесноста кај населението за зачувување на природните блага како суровина, вода, енергија и емисии кои се потребни за добивање на нов производ.
Со фрлање на корисни производи, ние фрламе суровини, отпадна енергија, вода и емисија на штетни честитки кои се создаваат со производството на нови производи кои дополнително би ја загадиле животната средина. Во рамките на овој проект, ќе се даде акцент и на старите занаети, како крпење на нови но скинати алишта, конураџиство со поправка на обувки, поправка на наќит, поправка на мебел, поправка на електрични и електронски уреди, но ќе се стави акцент и на читањето со помош на донирани книги, а достапни за сите по зелена цена.

Со овој проект ќе се создадат еднакви можности на пазарот на трудот и ќе ја зајакнат социјланта инклузија, ќе се отворат нови работни места во областа на управување со отпадот и заштита на животната средина, а на корисните проиводи ќе им продолжи животниот век, па наместо тие пребрзо да завршат во депонија истите ќе можат повторно да се користат како во домовите на социјалните ранливи категории на население, така и кај населението со високо развиена еколошка свест. Отпадот не е само проблем, тој за нас претставува и предизвик.
Како позитивна страна на оваа иницијатива е овозможување за користење на отпадот како ресурс, купување на производи за повторна употреба по симболични (зелени) цени, да се обезбедат основни производи за домаќинстава на луѓе со ниски примања, што пак ќе придонесе за намалување на сиромаштијата кај овој вид на население, а во исто време да се отворат нови работни места во областа на реупотреба и пренамена на корисниот отпад.
Заштита на животната средина: спречување на создавање на отпад и одржливо управување со создадениот отпад.
Социјална еднаквост: општествени активности како што е интеграцијата на ранливата категорија на лиѓе на пазатор на трудот и пристап до производи по поволни (зелени) цени.
Економска оправданост: можност за создавање на нови работни места и можност за обука и дообука со стари и нови занаети.